Зајачица на „Плејбој“ позираше со лемур на рамото па ѝ се нурна во градите ВИДЕО

Таа ја сподели снимката со нејзините над 3,2 милиони обожаватели на Инстаграм кои прашуваат дали лемурите се навистина толку непослушни.

687

Френсија Џејмс на Инстаграм сподели видео на кое се гледа лемур како ја турка главата меѓу нејзините гради. Снимката собра повеќе од 400.000 прегледи од завчера, како и бројни реакции.

Колумбискиот модел посети засолниште за животни на Флорида, а за време на посетата се обиде да се фотографира со симпатичен лемур на рамото. Но, наскоро љубопитниот лемур сакаше да ја искористи ситуацијата. „О, Господе, што правиш? Што да правам сега?“, вели моделот во видеото.

Таа ја сподели снимката со нејзините над 3,2 милиони обожаватели на Инстаграм кои прашуваат дали лемурите се навистина толку непослушни.

„Не гледам проблем, лемур има вкус. И јас би го сторил истото“, е само еден од коментарите. Но, многумина ја критикуваа поранешната Плејбој зајачица велејќи дека таа се сликала само за да стане повторно популарна на Инстаграм , како неодамна кога само ги шокирала купувачите во трговски центар, кога правела склекови со мал алигатор на грбот.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...