Туск: Русија не е наш стратешки партнер, туку проблем

178

Претседателот на Европскиот совет во заминување Доналд Туск изјави дека ги уверувал лидерите на Европската унија дека Русија „ е наш стратешки проблем, а не стратешки партнер“.

– Морав постојано, речиси секоја недела, да ги потсетувам другите дека Русија не е наш стратешки партнер, туку стратешки проблем. Бев дури и означен како мономанијак, бидејќи толку многу бев фокусиран со темата, рече Туск во говорот на Универзитетот во Бриж – пренесува Тасс.

Според него, со тоа сакал да го оддржи европското единство, на кое „агресивната политика на Кремљ“ му била главниот предизвик.

– Бев и натаму сум убеден дека во оваа игра не е во прашање само иднината на независноста на Украина и безбедноста на централна Европа, туку и суверенитетот на Европа како политички ентитет. И вооошто не се сомневам дека стратешката цел на Владимир Путин е не само да ја врати контролата врз територијата на поранешниот СССР, туку и систематски да ја ослабне ЕУ, со креирање внатрешни поделби – рече Туск.

Тој додаде дека неговиот напор на крајот се исплател бидејќи било засилено единството на ЕУ преку санкциите против Русија.

ФОТО: EPA-PATRICK-SEEGER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...