На свеченоста по повод 75 години слободно Скопје вечерва во МОБ на Карате клубот Работнички му беше доделена наградата „13 Ноември” по повод 50 години постоење на клубот.
Наградата на Венцислав Недев основач, тренер и претседател на КК Работнички му ја врачи скопскиот градоначалник Петре Шилегов. На свеченоста присуствуваа повеќе каратисти членови на КК Работнички како и тренерите Дејан и Аљоша Недеви.