Четворица уставни судии во обид за спасување на обвинетите од СЈО

2231

Уставниот суд, на наредната седница ќе решава дали да се прифати иницијативата за застарување на предметите за злоупотреби, откако денеска се подели за тоа дали треба да се прифати иницијативата за оценување на уставноста на членови од измените на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година кои се однесуваат на злоупотреби на службената положба и овластување.

Иницијативата лани ја поднесе адвокатот Еленко Милано. Се оспоруваат  два члена од измените на Кривичниот законик од 2004 и 2009 година.

Четворица од деветмината судии – Елена Гошева, Јован Јосифовски, Никола Ивановски и Осман Кадриу, побарале веднаш да се прифати иницијативата и да се расправа за уставноста, застанувајќи во одбрана на функционерите осомничени во дела за злоупотреба на Буџетот. Според нив, казната од минимум 5 години затвор е превисока и вината треба да ја сносат членовите на комисиите за јавни набавки, јави СДК.

Целиот текст може да го прочитате ТУКА

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...