Полициско куче откри рекордни 730 килограми хероин во Словенија

Пратката, чија вредност на црниот пазар се проценува на 87 милиони евра, била адресирана до компанија во Будимпешта, а ја открило полициско куче, соопшти полицијата.

369

Словенечката полиција и цариниците заплениле 730 килограми хероин во пристаништето Копер, што е најголема количина хероин запленета во историјата на Словенија.

Пратката, чија вредност на црниот пазар се проценува на 87 милиони евра, била адресирана до компанија во Будимпешта, а ја открило полициско куче, соопшти полицијата.

Присуството на дрога во товарот, кој по скенирањето во Копер бил оценет како сомнителен, била откриена од полициско куче. Дрогата била скриена во контејнер со 437 ролни полиетиленска фолија. Полицијата откри 1.421 пакувања хероин, со тежина од 730 килограми, најголема количина од оваа опасна дрога запленета во Словенија во последните 30 години.

Словенечките власти веднаш ги известиле своите унгарски колеги и тогаш било откриено дека криминална група од Унгарија го организирала транспортот на контејнер со дрога од Иран, наменета за унгарска компанија.

Анализата на дрогата откри дека станува збор за хероин со висока чистота, мешавина со 70 проценти чист хероин.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...