Шекеринска: Фокусирани сме до крајот на јуни да го решиме името

Ако во јули Македонија не стане членка на НАТО, ќе добие покана за членство, по што ќе уследи процесот на ратификации, вели Шекеринска.

444

Фокусирани сме до крајот на јуни да најдеме решение за спорот за името, со цел во јули да се случи пресврт и Македонија да добие покана за членство во НАТО.

Ова го изјави министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на денешната средба со новинарите, по повод нејзината официјална посета на САД, од 26 април до 2 мај, на покана на секретарот за одбрана Џејмс Матис.

– Важно е преговарачкиот процес со Грција да успее. Сакам да нагласам дека во таков случај, во јули Македонија нема да стане членка на НАТО, туку само ќе добие покана за членство, по што ќе уследи процесот на ратификации. Тоа значи дека нашиот јужен сосед ќе има уште една шанса да го блокира нашиот прием, доколку не постигнеме решение за спорот. Секое одлагање на решението е на наша штета, бидејќи важен е и тајмингот. Идната година во Македонија се претседателските избори, во Грција се европските избори и затоа мислам дека треба да вложиме напори да дојдеме до решение – изјави Шекеринска.

На прашањето за последните изјави од Атина, во кои се фаворизира почетокот на преговорите за членство во ЕУ на сметка на членството во НАТО, министерката за одбрана рече:

– Таквите изјави не се изненадување за нас. Интересно е дека тезата „да за ЕУ, не за НАТО“ ја слушаме и од Москва. Мое мислење е дека овие два процеса не треба да ги раздвојуваме, бидејќи за тоа нема аргументи, а не е и во наш интерес.

На средбата со новинарите, Шекеринска потсети дека нејзината официјална посета на САД е прва од таков формат после 2012 година и дека очекува безрезервна поддршка на САД за членство на Македонија во НАТО.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...