Мицкоски до Мас: Со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица

341

Претстојат промени во државата, пред се поради економските, но и политички потфрлања на владата кои влијаат врз животот на граѓаните и немањето на концепт и визија на актуелната власт, најавил лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на средбата со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас.

Мицкоски истакнал дека со оваа влада евроагендата завршува во слепа улица, иако интеграцијата во ЕУ преставува врвен стратешки интерес на Република Македонија.

Тој посочил дека на загрижувачки високо ниво се корупцијата и криминалот против кој мора да се реализираат одлични чекори, а наместо тоа имаме гол популизам без резултати.

Мицкоски посочил дека новата влада на ВМРО ДПМНЕ ќе води отворена политика и ќе вложува силен ангажман во подобрувањето на стандардот на граѓаните, а првите разлики ќе се почувствуваат во првите 100 дена по формирањето на владата.

Мицкоски истакнал дека во Германија гледа искрен и силен сојузник изразувајќи подготвеност за продлабочена соработка во сферите од заеднички интерес со акцент на придвижувањето на европската агенда.

 

                  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...