Церар: Словенија поддржува „мал Шенген“

Но, клучот за подобра соработка и успех во овие земји во иднина ќе биде нивното влегување во ЕУ - рече Церар, повторувајќи го официјалниот став на Словенија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

89

Словенија ја поддржува соработката на балканските земји, како што е случајот со „мини-шенгенската“ соработка на С. Македонија, Србија и Албанија, изјави денеска словенечкиот министер за надворешни работи Миро Церар пред парламентарната комисија за надворешна политика. Словенија исто така има корист од таквата иницијатива, посочи тој.

– Но, клучот за подобра соработка и успех во овие земји во иднина ќе биде нивното влегување во ЕУ – рече Церар, повторувајќи го официјалниот став на Словенија за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан.

– Колку подобро соработуваат овие земји, толку е постабилен регионот … колку поголема безбедност, толку повеќе можности за словенечките компании и туристичка размена во двата правци – рече Церар.

Меѓутоа тој истакна дека самите држави не можат да постигнат исти резултати како што би имале „во синергија со ЕУ“, а Словенија инсистира на тоа дека клучот за успехот на Западен Балкан, па дури и подобрата соработка помеѓу тие земји е проширувањето на ЕУ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...