Пендаровски – Мас: Очекувам скоро дефинирање на методологија и одлука за почеток на преговорите

94

Македонија високо ја цени поддршката од Германија за нејзините аспирации за членство во Европската унија и во НАТО, рекол претседателот на државата Стево Пендаровски на средбата со министерот за надворешни работи на Сојузна Република Германија, Хајко Мас.

Пендаровски го истакнал значењето на комплетирањето на процедурата за ратификација на протоколот за членство на Македонија во НАТО од страна на Германија. Претседателот, на министерот Мас му се заблагодари за силната поддршка од германска страна за отворање на пристапни преговори за членство на Македонија во Европската унија, за искажаната солидарност со државата по последниот Европски совет, како и за фактот што Германија го држи прашањето за проширувањето во фокусот на агендата на ЕУ.

На средбата претседателот Пендаровски истакнал дека и покрај отсуството на одлука, на последниот Европски Совет, за почеток на пристапните преговори на Македонија со Унијата, европската интеграција останува наша стратешка цел. Претседателот изрази очекување дека наскоро ќе се дефинира новата методологија за водење на пристапните преговори и ќе биде донесена одлука за почеток на пристапните преговори со Македонија. За нашата држава, истакна претседателот Пендаровски на средбата, не постои друга одржлива алтернатива, освен полноправното членство во ЕУ.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...