Шпанското фудбалско „Ел Класико“ помеѓу ривалите Барселона и Реал Мадрид, ќе се одигра на 18 декември во 20 часот.
Ова е дефинитивна одлука за терминот на дербито што требаше да се игра на 26 октомври, но беше одложено поради политичките протести низ Каталонија во тој период. Имаше многу шпекулации околу тоа во кој термин, па дури и на кој датум ќе се игра мечот на двата најтрофејни шпански клубови и ривали.
Барселона и Реал во моментов се на врвот на табелата со ист број на бодови, а ако остане така и до 18 декември, „Ел Класико“ може да биде и битка за првото место.