Во автобус на ЈСП, број 74 на булеварот Кочо Рацин, вчера се случила тепачка меѓу малолетници. Според пријавеното, се работи за физичка пресметка помеѓу А.Е.(18) и малолетник од с. Горно Количани, од една страна, и двајца малолетници од с. Долно Количани, од другата страна.
Според МВР, причина за пресметката било претходно меѓусебно нетрпение. Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.