Си Ен Ен: Само Трамп му се радува на Ердоган

215

Американскиот претседател Доналд Трамп едвај чека да го види својот турски колега Реџеп Тајип Ердоган, но тешко е да се најде некој друг во Вашингтон кој го споделува неговиот ентузијазам, коментира Си Ен Ен пред денешната посета на Ердоган на Вашингтон.

Американската телевизија посочува дека турскиот претседател е несакан гостин во многу делови на главниот град на САД.

За време на неговата последна посета, членовите на неговото обезбедување во конфронтација со демонстрантите, покажаа „див излив на авторитаризам“ на улиците на Вашингтон, оценува Си Ен Ен.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...