15 години „Hugo Boss“, 15 години стил и елеганција (ФОТО+ВИДЕО)

„Hugo Boss“ е бренд со совршена хармонија на елеганција, брзина и адреналин. Дизајнирано за мажи кои сакаат да ја истакнат својата фигура и да уживаат во беспрекорниот германски крој.

171

Брендот „Hugo Boss“ прославува 15 години постоење кај нас. Во тој повод се подготвени многубројни активности, рекламна кампања во соработка со „Порше Македонија“, промоции, коктел настан и сѐ што е потребно за еден совршен роденден.

Во периодот од 13 до 16 ноември искористете го роденденското намалување од -20 % на есен-зима ’19 колекција во продавницата на „Hugo Boss“ лоцирана на улица Македонија.

– На 15 ноември со почеток од 19 часот со коктел настан ќе прославиме 15 години постоење на брендот „Hugo Boss“. Присутните гости ќе можат да уживаат во звуците на клавир и гласот на Јане Дунимаглоски, да го погледнат најновото porsche кое ќе биде изложено пред самата продавница, да се забавуваат и заедно да прославиме уште една успешна година од постоењето на „Hugo Boss“ кај нас – велат организаторите.

„Hugo Boss“ е бренд со совршена хармонија на елеганција, брзина и адреналин. Дизајнирано за мажи кои сакаат да ја истакнат својата фигура и да уживаат во беспрекорниот германски крој. Пронајдете го вашето омилено парче во продавницата „Hugo Boss“ на улица Македонија во Скопје.

Биди Boss, биди Hugo Boss!

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...