Груевски се куртули од „Траекторија“

1388
Photo: EPA/ZOLTAN MATHE

Судот констатираше дека настанала апсолутна застареност за гонење на поранешниот премиер Никола Груевски во предметот „Траекторија“ за кинеските автопати. Сите судски трошоци поврзани за оваа постапка против Груевски ќе ги плати државата, јавува „Телма“.

Ова следува откако адвокатот кој по службена должност му беше oдреден на Груевски, неоадма доставил до судот барање да се констатира застареност на случајот со оглед на тоа што се истечени шест години од времето кога е сторено делото според обвинението на СЈО, а правосилна пресуда немаше. Обвинителката Лиле Стефанова не сакаше да ја коментира одлуката што Груевски нема да одговара.

Инаку, денешното рочиште не се одржа, поради здравствени причини на вештакот кој до судот испратил и лекарска потврда.

Photo: EPA/ZOLTAN MATHE

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...