Во Австралија е наредена итна евакуција на неколку области, меѓу кои и на главната туристичка дестинација Нуса, додека пожарникарите се борат со повеќе од 150 пожари што беснеат ширум континентот.
Предупредување за „итна евакуација“ од највисоко, седмо ниво, е издадено за седум подрачја, меѓу кои е крајбрежното одморалиште Нуса, 150 километри северно од главниот град на државата Квисленд, Бризбејн. Противпожарната служба на оваа држава соопшти дека условите се многу опасни и дека пожарникарите можно е наскоро да не можат да го запрат ширењето на огнот, заради што можно е да дојде и до загрозување на животите на луѓето, пренесуваат британските меидуми.
На ширењето на пожарите им погодуваат екстремно сушните временски услови во Нов Јужен Велс и Квинсленд, каде во некои делови дожд не заврнал цели три години.
ФОТО: Принтскри / Јутјуб