На 27 мај ќе се одбележат 1.000 години Охридска архиепископија

Владата на Република Македонија формира работна група за утврдување на програма за одбележување на јуби­лејот 1000 години.

127

Јубилејот 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија ќе се одржи во катедралниот храм на Охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид на 27 мај, одлучи Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Владата на Република Македонија формира работна група за утврдување на програма за одбележување на јуби­лејот 1000 години од формирањето на Охридската архиепископија од страна на државата, со претставници од следните инс­ти­­туции: Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Министерството за култура, Министерството за внатрешни работи, Министерството за труд и социјална политика, Службата за општи и заеднички работи, Музејот на Маке­до­нија, Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Охрид, општина Охрид, Македонска филхармонија и Право­славниот богословски факултет „Св. Климент Охридски“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...