Хилари за нова кандидатура за претседател: Никогаш не вели никогаш

„Кој и да победи на следните избори ќе има голема задача, ќе мора да исправи се што е уништено“, рече Хилари Клинтон, денеска на возраст од 72 години.

160
ФОТО: EPA / NEIL MUNNS

Поранешната демократска кандидатка за американски претседател, Хилари Клинтон, не ја исклучува можноста повторно да се кандидира за претседател на САД, пишува Хина.

Поранешната државна секретарка и претседателски кандидат на претходните избори во САД во 2016 година, кажа дека се наоѓа „под голем притисок“ да го предизвика Доналд Трамп на претседателските избори следната година, утринава соопшти Би-Би-Си.

– Никогаш не вели никогаш – рече таа за Би-Би-Си.

Клинтон кажа дека „цело време размислува“ за тоа каква претседателка би била да го победеше Трамп пред три години.

– Цело време размислувам каква претседателка ќе бев и што ќе направев поинаку и што тоа ќе значеше за нашата земја и светот – рече оваа поранешна сенаторка од Њујорк.

„Кој и да победи на следните избори ќе има голема задача, ќе мора да исправи се што е уништено“, рече Хилари Клинтон, денеска на возраст од 72 години.

– Под голем притисок сум од многу луѓе да размислувам за тоа – заклучи Клинтон.

ФОТО: EPA / NEIL MUNNS

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...