Пред една недела се одржа јубилејната 10. Гробаријада во Пожаревац, Србија, а ја организирал Радиша Михајловиќ Дрнда, еден од најпознатите спрски погребници.
Маси преполни со храна, пијалак тече во потоци, весело се пее и се танцува. Да не е тортата во облик на ковчег, годишниот бал на српските погребници лесно би можел да се замени со свадба и сватови.
Радиша Михајловиќ Дрнда го возел погребно возило со телото на Слободан Милошевиќ од Белград до домот на семејството Милошевиќ во Пожаревац, во чиј двор е закопан.
Главна атракција на фештата била тортата со која насобраните луѓе се почестиле. Тортата била во облик на ковчег во којa при сечењето забиле колец. Покрај „ковчегот“ се нашле и „расплакани“ дотерани хостеси кои на главата носеле црн вел. Гостите, како спомен на оваа забава, добиле приврзоци во облик на ковчег и погребални возила, а на фештата ги забавувале трубачи.
ФОТО: Интернет/Принтскрин