Уставниот суд на Боливија го призна решението вториот потпретседател на Сенатот, опозициската сенаторка Жанин Анес да ја преземе функцијата привремен претседател на земјата. Таа синоќа во Сенатот се прогласи за преоден претседател на Боливија, и покрај немањето кворум во текот на гласањето за нејзин избор, бидејќи сенаторите на левичарската партија на поранешниот претседател Ево Моралес го бојкотираа гласањето, пренссоа британските медиуми.
Моралес вчера утро ја напушти земјата и замина за Мексико каде побара и веднаш му беше одобрен азил.
Моралес, како и првиот потпретседател на Боливија, пред два дена поднесоа оставки соочени со притисокот од антивладините протести заради обвинувањата за измама на претседателските избори од 20 октомври, на кои Моралес однесе убедлива поведа и се прогласи за старо-нов претседател уште по првиот круг од гласањето.
По слетувањето на аеродромот во Мексико, Моралес изјави дека не се откажува од политичката борба.
ФОТО: EPA / STRINGER