Основниот суд во Куманово донесе ослободителна пресуда за 79-годишниот Љубомир Митев од Којково, во јавноста познат како дедо Љубе, кој за да ги заштити својот и животот на сопругата Царка пукаше во двајца натрапници во неговиот дом и уби еден од нив, јавува 24 Инфо.
Неговата битка за правда траеше 6 години. На 27 феврури 2013 година во неговата трошна куќа провалиле Зоран Златков и Борчо Иванов, кои во намера да ги ограбат со часови се изживувале врз двајцата старци.
Пред почетокот на судењето во април 2015 година јавноста бараше дедо Љубе да се ослободи сметајќи дека тој во самоодбрана го убил Златков и го ранил Иванов, кој по разбојништвото беше осуден на осум години затвор.
Фото: 24 Инфо
Целиот текст може да го прочитате ТУКА