Заев: Гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар ќе биде готов во 2020

429

Изградбата на гасоводот на делницата Скопје-Тетово-Гостивар во должина од 76 километри, вреден 29 милиони евра, целосно ќе биде изграден во 2020 година кога ќе го доведеме гасот до граѓаните и компаниите во Гостивар и Тетово со што значително ќе се намалат на трошоците на граѓаните и ќе биде од огромен придонес за намалување на аерозагадувањето.

Ова го најави премиерот Зоран Заев од вечерашната седница на Владата која се оддржува во Тетово.

Тој се заблагодари на градоначалниците од овој регион, од општините Гостивар, Јегуновце, Врапчиште, Боговиње, Брвеница, Теарце и Желино за присуството на владината седница.

– Вашето присуство вечерва тука е исклучително значајно за да ги добиеме информациите од интерес на граѓаните од нивните заедници од прва рака, и согласно тоа да ги димензионираме нашите идни политики и одлуките за проекти кои може да се реализираат заедно со централната власт – рече Заев.

 

 

 

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...