Кавадарци меѓу најтранспарентните општини во државата

Кога дојдов, општината беше на 80 место по транспарентност и отчетност, сега сме на трето, се стремиме да бидеме први по отчетност, рече Јанчев, осврнувајќи се на сите активности кои се спроведуваат на овој план.

123

Кавадарци е меѓу најтранспарентните општини во државата, беше речено на денешното претставување на извештајот од мониторингот за транспарентност на општини. Извршниот директор на НВО „Инфоцентар”, Билјана Бејкова појасни дека во рамки на проектот „Локална демократија на партиципативно ниво и активни граѓани”, поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска, спровеле истражување заедно со две кавадаречки организации. Биле мониторирани пет општини.

– Општина Кавадарци има солидно ниво на транспарентност – нагласи Бејкова.

Според градоначалникот Митко Јанчев, транспарентност на највисоко ниво, е една од главните карактеристики на Кавадарци.

– Кога дојдов, општината беше на 80 место по транспарентност и отчетност, сега сме на трето, се стремиме да бидеме први по отчетност – рече Јанчев, осврнувајќи се на сите активности кои се спроведуваат на овој план.

Најзначајната комуникација со граѓаните, е непосредната, рече Тодор Ефремов, секретар во локалната самоуправа. Тој информираше дека се практикуваат неколку начини на таква комуникација.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...