Сестрите Кардашијан повторно се појавиле во кампањата за новата дијамантска линија на KKW парфемите.
Ким (39), Клои (35) и Кортни Кардашиjан (40) позирале за новата линија парфеми „KKW Parfumes” со залижани коси и накит вреден неколку милиони долари.
Интересно е тоа што на оваа фотосесија Ким носела два дијамантски прстени кои ѝ го подарил нејзиниот сопруг Канје Вест, а еден од нив ѝ бил украден во 2016 година во Париз, каде крадците украле накит вреден 10 милиони долари.
Првиот овален прстен од 15 карати Канје ѝ го подарил во 2013 година кога ја запросил, а вториот дијамански прстен од 20 карати го добила летото во 2016 година.
Тој втор прстен бил украден во Париз при грабежот на крајот на истата година, но светот зборува за тоа дека старлетата овие денови повторно го носи токму тој прстен. Единствена можност е дека е изработен ист таков прстен, или дека станува збор за многу добра копија, иако се знае дека Ким баш и не носи копии.
Во врска со тоа, не чуди што фановите масовно ги поставуваат прашањата: „Од каде сега ова на твојата рака“, „Зарем овој прстен не беше украден во текот на грабежот“, „Дали сè беше исценирано…“.
ФОТО: Инстаграм/Принтскрин