Барселона ги обелодени новите дресови со боите на знамето на Каталонија

Новите дресови ќе бидат пуштени во продажба утре (13 ноември)  во клупските продавници и на 20 ноември на други места.

261
ФОТО: МИА

Шпанскиот фудбалски шампион Барселона на својата официјална веб-страница претстави нови дресови изработени во боите на знамето на Каталонија.

Производителот на опремата е компанијата „Најк“.

Новите дресови ќе бидат пуштени во продажба утре (13 ноември)  во клупските продавници и на 20 ноември на други места.

Во коментар, клубот појасни дека со новата опрема се потенцираат каталонските корени на тимот, нејзината поврзаност со каталонскиот идентитет, култура и вредности.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...