Фејзи Азири, обвинет за масакрот кај Смилковското езеро е вратен во затворот во Штип

449

Фејзи Азири, еден од обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро на 12 април 2012 година, денеска  во 13,30 часот со полициско обезбедување е вратен во затворот во Штип, потврди за МИА директорот на затворот Мики Тодоров.

Азири е вратен во затворот, каде треба да издржува затворска казна за недозволено поседување оружје.

Тој се наоѓаше на Клиниката за пулмологија. Азири претходно го прекинал издржувањето на затворската казна и не се вратил во штипскиот затвор, иако тоа не му било дозволено. По одложувањето на последното рочиште за „Монструм“ поради отсуството на Азири, полицијата го приведе на Клиниката за пулмологија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...