Заев очекува Шпанија навреме да го ратификува протоколот за НАТО

Конституирањето на Парламент е на 3 декември и до крајот на декември или јануари треба да заврши постапката на ратификација и убеден сум дека Република Северна Македонија навремено ќе биде членка на НАТО, рече премиерот.

131

Премиерот Зоран Заев очекува ратификацијата на протоколот за членство во НАТО во Парламентот во Шпанија да заврши до крајот на јануари и земјава навремено да стане членка на Алијансата.

– Добро е што имаше успешни избори во Шпанија. Победи мојата левица. Конституирањето на Парламент е на 3 декември и до крајот на декември или јануари треба да заврши постапката на ратификација и убеден сум дека Република Северна Македонија навремено ќе биде членка на НАТО – рече премиерот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...