Шпанецот Рафаел Надал го коментираше поразот од Германецот Александар Зверев во групната фаза на завршниот АТП турнир во Лондон.
– Немам поплаки за физичка состојба. Немам болка во стомакот. Ова е единствената позитивна точка, да се биде искрен. Физичката состојба не е изговор. Единствениот изговор е што не бев доволно добар, за разлика од Саша. Треба подобро да дејствувам на следниот меч. По УС Опен, малку тренирав, вклучително и поради повреда на раката. Можеби не беше доволно, но овие се моите проблеми – кажа Надал.
Шпанецот во 2. коло од групната фаза утре ќе игра со рускиот тенисер Данил Медведев, додека негов последен ривал ќе биде Стефанос Циципас.
ФОТО: EPA / WILL OLIVER