Седум месеци по спонтаниот абортус, сопругата на Алек Болдвин пак го изгуби бебето ФОТО

Хиларија во четвртиот месец од новата бременоста повторно доживеала спонтан абортус и го изгубила детето што силно го посакувала.

589

Само седум месеци откако ја објавија трагичната вест дека го изгубиле детето, актерот Алек Болдвин (61) и неговата 35-годишна сопруга Хиларија се соочиле со истиот проблем.

Хиларија во четвртиот месец од новата бременоста повторно доживеала спонтан абортус и го изгубила детето што силно го посакувала. Требало да роди девојче.
Хиларија и Алек се родители на четири деца, но сакаат уште да го прошируваат своето семејство, но тоа не им поаѓа од рака.

Пред само 24 часа Хиларија објавила на Инстаграм фотографија од својот труднички стомак, но истата вечер ја соопштила и тажната вест – дека повторно имала спонтан абортус.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...