Во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на магистралниот пат А2, Куманово-Крива загина 67-годишник од селото Градец кај Крива Паланка.
Според информациите од портпаролот на СВР Куманово, Живкица Чавдаревиќ базирани на официјалниот билтен на МВР несреќата се случила на 11 ноември 2019 во 15 часот и 40 минути, на магистралниот пат Крива Паланка-Куманово, во близина на клучката на магистралниот пат со главната улица во градот.
До незгодата дошло кога патничко моторно возило „мерцедес“, со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од шеесетгодишниот Д.И. од село Борово, удрило во 67-годишен пешак С.А. од село Градец, Кривопаланечко.
Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде во 18 часот и 55 минути починал. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на Полициската станица Крива Паланка.