Во Полициското оделение Маврово вчера во 15.55 часот , С.Ш.(36) од Гостивар пријавил дека покрај брегот на Мавровското езеро, помеѓу с.Леуново и с.Никифорово, кај место викано „Црн камен“, била пронајдена експлозивна направа.
Полициски службеници од СВР Тетово излегле на местото на настанот и констатирале дека станува збор за рачна бомба и таа била подигната за понатамошна постапка.Се преземаат мерки за расчистување на случајот.