„Отсекогаш сакав да јадам слатки и да ја гледам тетка ми додека ги прави, па така гледајќи додека го прави тоа, ‘го купив занаетот’ и во 2012. година почнав да правам колачиња, медењаци, кои беа многу поедноставни од оние што ги правам денес.
Дури во 2014. година се пробав во правење торти и првпат учествував на некој натпревар. После тоа почнав малку посериозно да се занимавам со ова, но само како хоби. Имено, не правам торти за продажба, туку само за натпревари и саеми за храна“, раскажува нашиот соговорник, 25.годишниот Саша Алексиќ од Ниш, кого го запознавме викендов, за време на одржувањето на Интерскопкејкс 2019.
Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.