Му ветил мотокултиватор, фреза и плугови, а го оставил и без пари и без машини

127

СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против Б.Р.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривично дело „измама“, при што се стекнал со противправна имотна корист.

Имено, Б.Р. на 28.09.2019 со Б.С. од Скопје, со кого од порано се познавал, договориле цена за да му набави мотокултиватор со приколка, фреза и плугови. Б.С. му платил, но до пријавувањето, на 31.10.2019, Б.Р. ниту им ги донел договорените производи, ниту им ги вратил парите. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...