Скопјани зеле пари за летање со параглајдер, а на тројца им одлетале само парите

172

СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје ќе поднесе кривична пријава против Ќ.С.(31) од Скопје и други лица, поради постоење основи на сомнение дека извршиле три кривични дела „измама“, при што се стекнале со противправна имотна корист.

Во периодот од 03.11. до 05.11.2019 едно лице, претставувајќи се како организатор на семинари за стрелаштво, летање со параглајдер и алтернативен туризам во хотели во Берово и Маврово, од три лица, телефонски побарал пари на заем за набавка на разна опрема и материјали за одржување на семинарите. Парите ги земал преку Ќ.С., на различни локации на територија на град Скопје. На 05.11.2019 полициски службеници го лишиле од слобода и привеле Ќ.С., а било извршено и негово препознавање од страна на оштетените.  

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...