Жена итно префрлена во болница откако имала секс со сопругот

Американка (46) од Балтимор, Мериленд, претрпела анафилактички шок само еден час по сексуалниот однос.

2333

Жена за малку ќе умрела поради алергиската реакција незаштитениот сексуален однос имала полов однос со својот сопруг, кој во тоа во тоа време пиел антибиотици.

Американка (46) од Балтимор, Мериленд, претрпела анафилактички шок само еден час по сексуалниот однос. По кожата ѝ се појавиле црвени дамки, почнала интензивно да се поти и имала страшна вртоглавица. Кога симптомите ѝ се влошиле, со изразено чешање по кожата и пролив, била префрлена во болница. Лекарите утврдиле дека имала алергиска реакција на пеницилин, иако рекла дека не земала никаков лек или која било необична храна тој ден.

Прво тие претпоставиле дека пациентката боледува од сепса, затоа што крвниот притисок ѝ бил многу низок. Ѝ дале инфузија и антибиотици за сузбивање на сепсата. Сепак дополнителните тестови откриле дека нема инфекција и дека жената, всушност, била во анафилактички шок – прекумерна реакција на имунолошкиот систем на материја која ја препознава како штетна за телото.

Анафилактичкиот шок предизвикува и нагло опаѓање на притисокот, а дишните патишта се стеснуваат, предизвикувајќи гушење, што во некои случаеви може да биде фатално. Што, всушност, се случило? Нејзиниот сопруг во тоа време пиел нафцилин, облик на пеницилин за лекување на воспаление на срцевиот мускул.

Нејзината реакција ја предизвикал „семениот пренос на нафцилинот“, како што на крајот заклучиле лекарите. Веднаш ѝ дале адреналин, кој се дава кај анафилактичкиот шок, бидејќи ги опушта мускулите околу дишните патишта во белите дробови и помага да се крене крвниот притисок.

Состојбата на жената се поправила наредниот ден и можела да ја напушти болницата. Ѝ забраниле сексуален однос со сопругот најмалку седум дена откако тој ќе ја испие својата терапија антибиотици.

Пеницилинот, како и другите антибиотици, се концентрира во спермата, а вагината може да ги апсорбира. Затоа лекарите апелираат да бидат свесни за потенцијалните ризици, особено за луѓето чии партнери имаат алергиски реакции.

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...