Макрон имал одличен телефонски разговор со Трамп, ќе има и средба

131
ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Францускиот претседател Емануел Макрон најави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп треба да се сретнат пред самитот на НАТО во Лондон, што ќе се оддржи на 4 декември.

Макрон синоќа на Твитер соопшти дека имал „одличен телефонски разговор“ со американскиот претседател, со кого разговарал за Сирија, Иран и НАТО, пренесуваат британските медиуми.

„Се согласивме околу многу работи и ќе се сретнеме пред самитот во НАТО во Лондон“, напиша Макрон на Твитер.

ФОТО: EPA / JUAN IGNACIO RONCORONI

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...