Сопругата на Зоран Верушевски, Соња е обесштетена со 17 илјади евра за 175 дена поминати во притвор за случајот „Пуч“, објави 360 Степени.
Инаку, Верушевски, поранешниот разузнувач и актуелен советник за безбедност на премиерот Зоран Заев доби отштета од над 2,5 милиони денари за „Пуч“.
Верушевски беше притворен веднаш по бомбите, со обвинувања за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и шпиунажа.