Откриен збогатен ураниум на непријавена локација во Иран

Првпат во извештај на МААЕ се истакнува дека наводите на САД и Израел за Иран се точни.

67

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека открила збогатен ураниум „на локација што Иран не ја пријавил на Агенцијата“.

Првпат во извештај на МААЕ се истакнува дека наводите на САД и Израел за Иран се точни.

Во доверливиот извештај предаден до земјите-членки локацијата на која е откриен ураниумот не е идентификувана.

Израел и САД тврдат дека местото се наоѓа во предградие на Техеран, а израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху претходно зборуваше за „тајно атомско засолниште“.

Израелските власти тврдеа дека материјалот од таа локација потекнува од иранската воена програма, која вклучува и изработка на нуклеарно оружје.

Иран негира дека сака да се стекне со нуклеарно оружје и тврди дека нуклеарната програма е наменета за цивилни цели.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...