Поштенска марка за 75 години од ослободувањето на Скопје

159

Во пресрет на 13 Ноември, Град Скопје и Поштата промовираа пригодна марка по повод 75 години од ослободувањето на главниот град, на авторката Лариса Донев.

Градоначалникот Петре Шилегов рече дека поштенски марки со мотиви од Скопје се издавани и додека градот беше дел од СФРЈ, но и претходно зашто Скопје бил важен административен центар на овие простори  во минатото.

– Пригодните поштенски марки со мотиви од Скопје во минатото играле важна улога во промовирањето на многубројните културно-историски вредности и настани, како и на природните убавини во нашиот град и неговата околина – рече Шилегов и додаде дека поштенските марки  се и  своевидни историски артефакти кои говорат за некогашниот изглед на градот и поважните белези од неговото минато.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...