Твитерџиите се мајтапат со чистењето на Џонсон, не му оди од рака (ВИДЕО)

367
ФОТО: Твитер

Твитерџиите се мајтапат со чистењето на премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, кој ја зеде метлата за да помогне од хаосот што го направија поплавите во земјата.

Тој беше критикуван дека само „ја влошил состојбата“ наместо да исчисти, а новинарката Хана Ал-Отман се шегуваше дека „тој е добар во чистење исто како што е добар да го заврши Брегзит до 31. октомври“.

Друг твитерџија напиша:

– Така земајќи ја метлата за да го исчисти подот, тие ќе веруваат дека искрено и очајно се обидува да помогне, а нема да мислат оти е патетичен начин да собере гласови. Се гледа дека кловнот никогаш не зел метла в рака.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...