Пожарникар натерал другар да прави ДНК тест на негово место за да избегне плаќање алиментација

467

Пожарникар кој побарал помош од пријател за да избегне плаќање алиментација за дете, доби затворска казна, пренесува „Метро“.

Триесет и тригодишниот Симон Џордан рекол дека тој не е татко на бебето и се согласил на ДНК тест за да не плати 16.000 фунти. Потоа Џордан побарал од неговиот другар да го направи тестот наместо него, бидејќи личат еден на друг.

Триесет и тригодишниот Џејсон Ли Колс го направил тестот, а мајката на детето на Џордан побарала од надлежните да се спроведе истрага.

Следува откривање на измамата и двајцата мажи се најдоа пред суд, каде признаа дека се виновни за настанот кој се случил меѓу 20 јули и 24 август, 2017 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...