Едно лице загина, а 26 се повредени во 37 сообраќајки викендов во Скопје

83

Едно лице на патничко моторно возило загина, пет се здобиле со тешки телесни повреди и 21 лесно повредени во 16 од вкупно 37 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 20 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.

Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, исклучени се 64 возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, 60 возачи пред да се стекнат со право на управување на моторно возило, осум возачи почетници и 42 нерегистрирани возила.

За непрописно паркирање се издадени 206 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 141 возило.

Евидентирани се и двајца пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин, двајца пешаци кои поминале коловоз на црвено светло, 17 возачи кои поминале крстосница на црвено светло, тројца возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, шест за не правилно престројување, четворица возачи за не правилно престигнување и еден возач кој не дал првенство на минување на возила во зона на крстосница.

Санкционирани се и шест возачи за не користење на заштитен шлем на вел со мотор, мопед и мотоцикл, осум возачи за не носење сигурносен појас за време на управување моторни возила и 21 возачи за користење на мобилен телефон за време на управување на моторни возила.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...