Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, после поразот во дербито со Ливерпул, изјави дека е горд на неговиот тим и не сакаше да го коментира судењето.
– Горд сум на мојот тим, ретко кој гостински тим игра вака офанзивно на овој стадион на кој се најтешки гостувањата. Почнавме одлично, храбро, но Ливерпул е европски првак, од два шута даде два гола. Не беше лесно да се вратиме после негатива од два гола. Има уште седум месеци до крајот на сезоната, ќе се бориме до крај. Ако Ливерпул биде првак, јас прв ќе им честитам – рече Шпанецот кој не сакаше да зборува за ВАР и судиите.
За Гвардиола, сега најважен е наредниот меч кој ќе биде против Челзи.
ФОТО: EPA / FRIEDEMANN VOGEL