Во интерес на точно информирање на јавноста сакаме да ги демантираме наводите објавени во дел од медиумите во однос на висината на проектираниот буџет за 2020 година, соопштија вечерва од Министерството за финансии.
Точните бројки, кои се далеку од оние кои се шпекулираат, како што се наведува во реакцијата, ќе бидат објавени на прес-конференција која е редовна пракса по Седница на Владата на која ќе се усвои Предлог-Буџетот за 2020 година.
По усвојување на Предлог-Буџетот од Владата на Република Северна Македонија, истиот се доставува до Собранието пред пратениците на расправа, се вели во реакцијата.