Паднал предлог Буџетот за 2020 да тежи 4,46 милијарди евра

825

Буџетот за следната година да изнесува 4,46 милијарди евра. Ваков предлог бил разгледуван на владината седница во вторникот, неофицијално дознава телевизија Телма.

Дали истиот ќе биде усвоен или ќе претрпи измени, засега никој не сака да коментира, додека не бидат усогласени сите отворени прашања.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, кажа дека буџетскиот дефицит ќе изнесува 2,3 отсто од БДП.

Но, економистите веднаш ги отворија прашањата дали тоа ќе биде остварливо, и дали приходите се реално планирани?

Во предлог буџетот за следната година, кој се уште не е официјален и кој не беше усвоен на претходната владина седница, планирано е вкупно задолжување од една милијарда евра.

Повеќе на Телма

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...