Какви хемикалии и колку од токсичниот метил акрилат мономер во петокот се излеале во ОХИС, ќе се анализира во странска лабораторија, бидејќи МВР не располага со опрема со која би се направиле овие испитувања. Во петокот попладне, откако претходно попуштил вентилот од цистерната во која бил складиран метил акрилат мономер, а која ја переле со вода, се случи инцидент во кој испарувањето од излеаната хемикалија во када, предизвика проблеми со дишењето и печење на очите кај дел од жителите во околината на Охис.
Анализите во штипска лабораторија треба утврдат колку од штетната материја била присутна во воздухот.
Според изјавите на стечајниот управник на ОХИС, Маринко Саздовски, фирмата Еко центар 97, со која има договор за остранување на токсичните хемикалии, во овие осум месеци работела согласно стандарди. Извештајот за работењето ќе биде познат за 3 недели.
На извоз во Швајцарија чекаат 6 тони метил акрилат мономер, спакуван во специјални буриња.