Вучиќ за договорот : Тука има само подобар живот за нашите граѓани, тука нема Југославија

250

Горд сум на договорот што го направија Србија, Албанија и Северна Македонија. Тука нема Југославија, тука има само подобар живот за нашите граѓани – изјави предмалку  претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на заедничката прес-конференција на лидерите на Западен Балкан, по регионалната средба на тројцата лидери во Охрид.

Тој нагласи дека она што е договорено во Охрид е многу важна иницијатива за Србија.

– Вкупната заштеда ќе биде 229 милиони евра  кога ќе воведеме дежурства за инспекции на границите, побрзо движење на камионите… Да не ви зборувам колку е  сега полесно за производителот на албански домати, својата стока со раст од 40 отсто да ја извезе во Србија. Да може да се разменуват инженери, работници. За помалку од една година ќе го видите растот. До крајот на оваа година Србија и Албанија ќе може да влегуваат и излегуваат со лична карта, рече Вучиќ.

Тој појасни дека луѓето погрешно го наведуваа ова како „мини шенген“.

– Загрижен сум бидејќи тоа не е многу популарно во нашата земја. Направивме нешто што е голема работа, а многу луѓе не го разбираат тоа. Господинот Рама е под притисок. Мене во политичката кампања ме обвинија дека правам автопат за голема Албанија. Тие што ме обвинуваа добија 11 пати помалку гласови од мене. Горд сум на договорот што го направија Србија, Албанија и Северна Македонија. Тука нема Југославија, тука има само подобар живот за нашите граѓани – рече Вучиќ.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...