Вардар поразен во Струга, но струмичани не го искористија киксот

110

Тимот на Струга Трим Лум беше подобар од Вардар со 2:1 во еден од најинтересните натпревари од 14 коло во првата македонска фудбалска лига.  

За Вардар, ова е втор пораз сезонава, откако загуби и на стартот од ѓорчепетровци, па 12 кола по ред не знаеше за пораз. 

Во денешните мечеви, постигнати се следните резултати: Борец – Македонија Ѓорче Петров 1:1, Ренова – Академија Пандев 1:1, Силекс – Шкупи 1:0, Струга Трим Лум – Вардар 2:1. Утре играат Работнички – Шкендија.

Вардар е прв со 30 бода, следува Академија Пандев со 26, Силекс има 21, Шкендија, Шкупи, Македонија ЃП и Струга по 18, Ренова и Борец имаат по 15, а Работнички е последен со 11.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...