Во Полициска станица Гази Баба утрово биле приведени Е.Д.(19), Н.М.(23) и В.К.(19), сите од село Трубарево, поради основано сомнение дека на местото викано Пуста кула, во населба Илинден, физички го нападнале Д.Ѓ.(40) од Кавадарци и му одзеле пари. Ова го соопшти Министерството за внатрешни работи.
По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.