На автопатот Куманово – село Табановце, во близина на обиколницата, вчера во 07.45 часот полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот забележале сопрено возило „фолксваген комби“, со скопски регистарски ознаки, од кое излегувале патници. Полициски службеници при преглед утврдиле дека станува збор за шест мигранти, од кои тројца од Пакистан, двајца од Авганистан и еден од Иран, кои биле приведени и предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. Ова стои во билтенот на Министерството за внатрешни работи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.