Богата е програмата во Куманово за одбележување на пет века постоење на градот, како и 75 години од неговото ослободување. Градот со посебни настани започна од почетокот на месецов, а продолжува со други интересни настани во кои ќе може да уживаат и жителите и посетителите.
Денеска има меѓународен турнир во пинг-понг, ликовна изложба „Карпино 2019“, како и музички концерт.
Утре ќе се одржи КУП во спортско риболовство, шаховски турнир, атлетска улична ноќна трка, како и ликовна изложба на кумановски ликовни уметници, но и концерт на српската пејачка Лепа Брена на градскиот плоштад.
Целата програма, до 29 ноември, погледнете ја тука.